Последниот македонски претставник во АБА 2 лигата, ТФТ успеа да израмни на 1-1 и да обезбеди мајсторка во четвртфиналето од плејофот во второто по ранг јадранско натпреварување, откако вечерва на домашен терен славеше против Златибор Чајетина со 87-79.
Гостите во текот на целото прво полувреме беа подобар противник, па на пауза заминаа со голема позитива од 33-49. Во вториот дел како да излезе нов тим на Боро Смилковски. Тимот од Тафталиџе играше во екстаза па во 28 минута успеа да стигне до целосен пресврт и да поведе со 60-59. Следуваше серија на гостинот од 0-8, по која по 30 минути игра повторно ја вратија предноста 60-67. ТФТ успеа да се врати и во последниот период и натпреварот да влезе во неизвесна завршница. Таму, подобро се снајде македонскиот претставник кој славеше со 87-79.
Стенли Дејвис со 24 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Хантер-Витфилд заврши со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

