Васоски анализира – Дали во 3-5-2 или во 4-3-3 формација: „Против Данска не смееш никако целосно да се повлечеш и само да се браниш!“ (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација утре од 20:45 часот на „Паркен“ стадионот во Копенхаген против Данска ја очекува уште еден историски бараж натпревар за пласман на свое прво учество на светско првенство во историјата.

Еден од најистакнатите македонски репрезентативци во историјата, Александар Васоски, на гостувањето на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ неизбежно со анализа и на тактичката варијанта со која ќе им се спротиставиме на Данците. Дали во 3-5-2 формација или во 4-4-3…!?

Васоски и Седлоски долги години соработуваа и во Вардар заедно, а Васоски нагласува дека не се непознаница и двете тактички варијанти кога е новиот македонски селектор во прашање.

„Седлоски главно игра со четворица во одбраната, во 4-3-3 тактичка формација, иако некогаш знаеше нормално да игра и со тројца позади. Ние заедно бевме во Вардар долги години, така да сѐ ќе биде тоа врз база на анализа на Данска. Значи, дали ти со таа тројка позади ќе имаш предност, дали ќе имаш хендикеп, тоа се надевам дека добро ќе ја скаутираат Данска“ – вели Васоски и дополнува:

„Ги гледав последните натпревари, при што против Данска апсолутно не смееш ни многу да се повлечеш во своја половина и да си браниш, бидејќи имаат одлични индивидуалци, посебно во тие офанзивни редови. Ете, го земам Хојлунд како пример од Наполи кој игра во фантастична форма. Така да, според мене мора некој баланс одбрана – напад да има во екипата, како да кажем, и да се обидеме да го загрозиме голот на Данска, бидејќи само ако чекаш и ако се браниш ќе биде многу тешко. Во еден таков случај, ќе биде многу потешко!“


Една од варијантите за евентуалниот прв состав за мегданот против Данците

========================================================

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ СО АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...