Јокиќ со нов трипл-дабл, Денвер ја „преживеа“ драмата со Феникс (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ги победија Феникс Санс со 125:123 и стигнаа до својата 45-та победа сезонава. Никола Јокиќ доминираше, завршувајќи го натпреварот со 23 поени, 17 скока и 17 асистенции, а воедно го постигна и победничкиот кош за својот тим.

Од самиот почеток на мечот, Денвер наметна ритам и предводени од Јокиќ почна да води. Меѓутоа како одминуваше времето, Феникс се „стегна“, па дури и почна да го врти мечот во своја корист. Третиот период донесе големи возбудувања. Денвер имаше значително водство во неколку наврати, но домаќините успеваа да се вратат благодарение на Каман Малуах во нападот, а Џош Гудвин внесе енергија во одбраната.

Самиот крај на третиот период беше „вртелешка“: Феникс успеа да израмни, но Денвер ја задржа смиреноста, па во последниот период влезе со предност 97-95.

Мареј во последната делница му донесе малку позначајно водство пред крајот, но домашниот тим не се откажуваше. Јокиќ го донесе својот тим пред триумфд на 11 секунди до крајот. Букер промаши тројка, а потоа О’Нил намерно ги промаши слободните фрлања.

Покрај Јокиќ, се истакна Мареј со 21 поен, Хардавеј додаде 18. Букер го предводеше Феникс со 22 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Сакраменто 134:90
Њујорк – Њу Орлеанс 121:116
Кливленд – Орландо 136:131
Фeникс – Денвер 123:125

Се вчитува...