Челси најде тренер: Фабрегас доаѓа на „Стемфорд Бриџ“

Тренерот на Комо , Сеск Фабрегас, би можел да го замени Лиам Розениор на позицијата менаџер на светскиот клупски шампион Челси на крајот од сезоната, а наводно „сините“ го следат Шпанецот и го разгледуваат како опција доколку клубот одлучи да се раздели со сегашниот менаџер.

Сепак, изворот вели дека Розениор, кој беше назначен во јануари 2025 година и потпиша долгорочен договор до 2032 година, ја има поддршката од управата на Челси , кои инсистираат дека ќе му дадат време да работи.

Сепак, се тврди дека за да се случи такво нешто, Лондончани мора да се квалификуваат и за Лигата на шампионите следната сезона, каде што играа оваа година за прв пат од сезоната 2022/2023. Доколку тоа не се случи, тогаш сегашниот тренер би можел многу брзо да ја заврши епизодата со „сините“.

Фабрегас беше и како играч дел од Челси, ја разбира филозофијата на клубот, и од тука би можел да биде идеално решение. Челси исто така го разгледува и Чаби Алонсо, но тој е се почеста „мета“ на Ливерпул, откако Арне Слот се соочува со се поголеми критики од страна на јавноста во Англија.

Се вчитува...