Се подготвува „бомба“ во Шпанија: Салах би можел да заврши во Барселона!?

Ливерпул вчера објави дека славниот Мохамед Салах ќе го напушти Енфилд по девет години во клубот. Дојде време да се збогуваме, но Египќанецот ќе биде запаметен засекогаш на иконскиот стадион.

Во 2017 година, Салах влезе низ задната врата. Речиси една деценија подоцна, тој си заминува како еден од најдобрите играчи на клубот на сите времиња со бројни освоени трофеи.

Сè уште не е познато каде 33-годишникот ќе ја продолжи кариерата. Постои огромна шанса неговата нова дестинација да биде Саудиска Арабија, но се појави уште една, би рекле изненадувачка опција. Тоа е Барселона.

Извори блиски до каталонскиот клуб наведуваат дека Барса е подготвена да реагира и да го доведе Салах на лето. Во нивна корист е фактот што тој доаѓа без надомест.

Со години Египќанецот се поврзува со овој клуб, а сега би можело да дојде до реализација на трансферот, иако е многу извесно дека одличниот фудбалер ќе замине на крајот во Саудиска Арабија. Ал-Наср наводно подготвил сума од 3 милиони евра месечно, што е тешка за одбивање на Египќанецот кој има 33 години и веќе треба да размислува за крај на кариерата.

Во меѓувреме се огласи и агентот на фудбалерот кој кажа дека и натаму останува непознато каде својот клиент ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...