Договорот е блиску: Влаховиќ уште две години во Јуве

Душан Влаховиќ веќе со месеци наназад е поврзуван со бројни европски гиганти, но српскиот ас нема да ги смени клупските бои летово, туку ќе потпише нов договор со Јувентус.

Тренерот Лучијано Спалети е клучен фактор за овој пресврт, откако искусниот стратег ја убедил управата да ја крене понудата за Србинот, воедно и разговарал со самиот Влаховиќ објаснувајќи му дека во него гледа како на лидер на навалната линија на тимот.

Српскиот репрезентативец е свесен дека ниту еден од заинтересираните клубови не му понудил ништо приближно на оние 12 милиони евра нето што ги заработува годишно во Јувентус. Ниту „старата дама“ не му ја нуди оваа сума, но Влаховиќ е подготвен да прифати и двогодишен договор за плата од шест милиони евра по сезона, со тоа што како бонус при самиот потпис би добил околу осум милиони евра.

Со тоа Јувентус би спречил заминување на најдобриот стрелец без никаква отштета летово, „црно-белите“, а Влаховиќ би останал уште најмалку една година во тим во кој би бил стандарден, со можност и за двете страни доколку следното лето пристигне добра понуда, тој да биде продаден во некој друг европски надвор од Серија А.

Се вчитува...