Ракометната Федерација на Македонија подготвува спектакл на завршницата од Купот на Македонија што ќе се одржи од 17 до 19 април во салата „Младост“ во Струмица, на фајналфор турнирот на кој ќе учествуваат најдобрите четири екипи кои доминираат и во рамките од Супер-лигата.
Денеска беа извлечени и двојките за полуфиналето, при што „вечните ривали“ Вардар и Е. Пелистер се избегнаа меѓусебе во оваа фаза од натпреврувањето.
Вардар за противник ќе го има тимот на Алкалоид, додека битолчани ќе водат битка за билет во финалето со Охрид, тим од кого претрпеа пораз во рамките од Супер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

