Веста за заминувањето на Мохамед Салах од Ливерпул го привлече вниманието на англиската фудбалска јавност, а додека медиумите шпекулираат кој би можел да го наследи „фараонот“ на „Енфилд роуд“, пристигнуваат и бројни пофалби за сето она што Салах го постигна како член на најтрофејниот англиски клуб.
Џејми Карагер во последните две години често го критикуваше Мохамед Салах, но поранешниот дефанзивец на Ливерпул овојпат имаше само пофални рабори за големиот ас, тврдејќи дека тој е поголема легенда од Кристијано Роналдо кога станува збор за англиската Премиер-лига.
„Во пантеонот на странски напаѓачи кои го одбележаа англискиот фудбал, единствено Тиери Анри ги надминува учинокот и доследноста на Мо Салах. Многумина ќе ги споменуваат заслугите на играчи како Роналдо, Азар, Ѕола, Бергкамп…. ни никој од нив немаше така фантастични бројки од сезона во сезона како Египќанецот. Времето на Роналдо во Манчестер јунајтед, она првото и по враќањето, беше пред и по неговите најдобри години во кариерата, што ги мина во Шпанија во дресот на Реал Мадрид. Салах го надминува ако ги земаме во предвид ефектот, но и влијанието што го имаше врз Премиер-лигата“, напиша Карагер во својата најнова колумна за весникот „Телеграф“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

