Веднаш по објавувањето на веста за заминувањето на Мохамед Салах од Ливерпул, името на Михаел Олис беше потенцирано како главен кандидат за наследник на „фараонот“ во гигантот од „Енфилд роуд“.
Французинот кој има искуство од Премиер-лигата од настапите за Кристал Палас сезонава блеска во дресот на Баерн Минхен, за неговите услуги интерес покажува и Реал Мадрид, се споменува цифра од огромни 200 милиони евра, но од управата на баварскиот гигант јасно ставија до знаење дека немаат намера да се разделат од овој одличен фудбалер.
„Може да се пишува се и сешто, но реалноста е една – Олис е фудбалер на Баерн, среќен е овде, што освојува трофеи и се бори за уште повеќе пехари. Тој има договор со клубот до јуни 2029, нема клаузула за заминување, така што оваа тема е затворена“, изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

