Џенаро Гатузо е подготвен да ја предводи Италија во големиот предизвик – во претстојниот бараж „аѕурите“ да стигнат до посакуваниот билет за СП 2026 откако овој фудбалски гигант ги пропушти последните два мундијали.
Италија утревечер ќе ја пречека селекцијата на Северна Ирска, а потоа во случај на победа ќе мора да игра финален бараж на гостински терен против подобриот од дуелот Велс – БиХ. Гатузо не крие дека се соочува со голем притисок, но верува дека ќе ја оствари целта зацртана пред него.
„Ова без конкуренција е најважниот меч во мојата кариера. Од првиот ден кога пристигнав, пред седум месеци слушам само дека мораме да играме на СП 2026. Сега сме на два меча до остварување на таа цел, мотивот е огромен, но исто така и товарот. Го чувствувам товарот на цела нација на мојот грб, секако дека не е пријатно, но тоа ме прави уште помотивиран да ја остварам големата желба на сите Италијанци. Северна Ирска никако не е ривал што треба да се потцени, мораме да одиграме 90 минути на највисоко ниво ако сакаме да славиме“, прокоментира Гатузо на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

