Како што се очекуваше и беше најавено, Фудбалската асоцијација на Сенегал поднесе жалба против одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал, која му ја одзеде на Сенегал титулата освоена на теренот во финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко. Арбитражниот суд за спорт во Лозана потврди во соопштение дека ја примил жалбата на Сенегал.
На Мароко му беше досуден пенал во финишот на мечот, а Сенегалците беа бесни, голем број од нив се упатија кон соблекувалната, но Садио Мане ја задржа својата смиреност и го врати тимот на теренот. Пеналот беше изведен 12 минути откако беше досуден, но Брахим Дијаз не го реализираше. Натпреварот замина во продолженија, а таму славеше Сенегал.
Како што се очекуваше, Сенегал сега официјално поднесе жалба до Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) во Лозана.
„Арбитражниот суд за спорт може да потврди дека примил жалба од Сенегалската фудбалска асоцијација против Конфедерацијата на африкански фудбал и Мароканската фудбалска асоцијација“, се вели во соопштението на ЦАС.
Од ЦАС дополнуваат дека во овој момент, односно на самиот почеток на процесот, е невозможно да се утврди колку долго би можело да трае сè или кога ќе биде закажано првото рочиште.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

