Македонскиот ракометен тренер Данило Брестовац испиша нова историја во својата кариера, овојпат на Блискиот Исток. Предводејќи ја екипата на Ал Араби, Брестовац и официјално ја обезбеди титулата во шампионатот на Катар на едно коло пред крајот на првенството.
Со импресивен скор од 16 победи и само еден пораз, Ал Араби создаде недостижна предност од четири бода пред второпласираниот Ал Духаил.
Успехот на Брестовац е уште позначаен со оглед на тоа што Ал Араби важи за еден од најголемите спортски колективи во земјата, а со оваа титула македонскиот тренер само ја потврди својата класа на меѓународна сцена. Сезоната за нив не завршува тука, бидејќи тимот влегува како главен фаворит и во Купот каде Брестовац со своите играчи ќе ја нападне двојната круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

