Реал Мадрид не планира да го потпише синот на Кристијано Роналдо во својата академија, објавија шпанските медиуми.
Петнаесетгодишниот Кристијано Роналдо јуниор неодамна тренираше со тимот на Реал Мадрид до 16 години. Тинејџерот игра за младинскиот тим на Ал Наср, додека неговиот татко игра за првиот тим на клубот од Саудиска Арабија.
Според медиумите, Реал не ја разгледува можноста да го доведе Роналдо јуниор. Нему му е дозволено да тренира со своите врсници од академијата за да остане во форма, бидејќи во моментов не може да тренира во академијата Ал Наср поради сложената ситуација на Блискиот Исток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

