ДРАМА ВО Ф1: Мерцедес под истрага на ФИА

Се чини дека ја имаме првата голема драма во новата сезона во Формула 1, а тимот на Мерцедес е под истрага на ФИА. Прашањето за односот на компресија во Формула 1 се уште не е целосно затворено, а Мерцедес моментално е под лупа.

Иако ФИА ќе ја затвори добро познатата „дупка“ во законот во врска со употребата на компресори од 1 јуни, отворена е нова тема, предното крило на „Сребрените стрели“.

Наместо да се гледа кон погонската единица  фокусот сега е на аеродинамиката на предното крило на болидот за сезоната 2026.

По Големата награда на Кина, тимовите мораа да ги објават своите дизајни јавно според правилата, што им овозможи на ФИА, како и на конкурентите, да ги анализираат концептите на новите болиди на Мерцедес.

Се вчитува...