Мексикански новинари во Копенхаген: „Навиваме за вас, симпатични сте… Би било убаво да се видиме на 24 јуни во Мексико сити!“

ЕКИПА во Копенхаген,
Владимир Булатовиќ

Во Копнехаген, бараж-пресметката меѓу Данска и Македонија, ја следи и екипа од националната мексиканска телевизија ТВ Ацтека, која известуваше и од тренингот на македонската репрезентација синоќа од „Паркен стадионот“.

Ништо невообичаено, ако се знае дека Мексиканците како домаќини на Светското првенство 2026, како последен противник во својата група ја очекуваат репрезентацијата токму од овој костур од баражот. Па, сега во Копенхаген, ќе ја „снимаат“ првата полуфинална пресметка.

„Одлучивме да го гледаме ова полуфинале, а потоа патуваме и на финалето од баражот, во Прага или во Даблин“ – ни прокоментираа мексиканските коментатори, не криејќи дека нивните симпатии се кон Македонија.

„Да бидеме искрени, навиваме за Македонија. Нема да се лажеме, можеби и поради тоа што сметаме дека би ни биле полесен противник, но и некако најсимпатични сте. Би било убаво да се видиме таму на 24 јуни во Мексико сити“ – низ смеа дополнија Мексиканците.

Македонија, доколку се пласира на СП 2026, против домаќинот Мексико, според распоредот, треба да игра на 24 јуни на „Мексико сити стадионот“.

Се вчитува...