Данците вежбаа пенали за Македонија

Данска ќе стори се за да стигне до победата во регуларните 90 минути, но домаќинот се подготвува и за „план Б“, доколку патникот во следната рунда од баражот мора да биде решен со пенал-рулет.

Данскиот селектор обелодени дека дел од последните два тренинзи бил издвоен токму за тренирање на ударите од белата точка, доколку има потреба за такво нешто вечерва.

„Трениравме пенали, тоа не е никаква тајна. Добро за нас е што имаат играно куп и европски натпревари за своите клубови, па голем дел од нив и на клупски план имаат доста тренирано пенали. Нормално е да има приоритети, тоа е нашата игра, но исто така мораме да сме подготвени за сите солуции, а една од нив е победникот да биде решен на пенали. Верувам дека сме подготвени и за вакво сценарио“, истакна селекторот Ример.

Се вчитува...