Конечно, една добра вест за Италија пред баражот

Џенаро Гатузо се соочи со бројни проблеми во пресрет на овој бараж период, но италијанскиот селектор конечно доби и добра вест за вечерашниот дуел со Северна Ирска.

Најдобриот италијански дефанзивец Алесандро Бастони ги надмина проблемите со повредата и ќе може да стартува од првата минута на вечерашниот натпревар, сооштија италијанските медиуми. Бастони ги пропушти последните два меча на Интер во Калчо-лигата поради оток во пределот на скочниот зглоб, по што тренираше со намален интензитет во првите два дена од подготовките со репрезентацијата.

Сепак, лекарскиот тим успеа да го оспособи Бастони, тој вчера го издржа целиот тренинг, по што доби зелено светло да стартува од првата минута против ирскиот национален тим.

Победникот од дуелот Италија – Северна Ирска потоа во финалето од оваа бараж-група ќе гостува на подобриот од мечот Велс – БиХ.

Се вчитува...