Ракометарите чекаат ждрепка: Кои ќе бидат ривалите на патот до ЕП?

Погледите на спортска Македонија се насочени кон баражот што фудбалерите ќе го играат вечерва во Копенхаген, но неколку часа претходно нашите ракометари ќе ги дознаат противниците за квалификациите за ЕП 2028 што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и во Швајцарија.

Ждрепката е закажана од 18 часот во Лисабон, а Македонија се наоѓа во вториот шешир, што значи дека за противници нема да можеме да ги имаме Србија, Италија, Фарските Острови, Полска, Холандија, Австрија и Чешка.

Новиот квалификациски циклус ќе стартува на 5 ноември 2026, додека шестото и последно коло е закажано за 9 мај 2027.

Согласно пропозициите, пласман на ЕП 2028 ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од сите групи, како и четирите најдобри второпласирани селекции, со тоа што во таа мини-табела на третопласирани нема да бидат земени во предвид резултатите со последните репрезентации во групите.

ШЕШИР 1: Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска.

ШЕШИР 2: МАКЕДОНИЈА, Австрија, Чешка, Италија, Ф. Острови, Холандија, Полска, Србија.

ШЕШИР 3. Белгија, БиХ, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина.

ШЕШИР 4: Естонија, Финска, Израел, Косово, Летонија, Луксембург, Словачка, Турција.

Се вчитува...