Седлоски „избриша“ четворица за вечерашниот дуел: Тихо, Рамадани, Лука…. на трибини

ЕКИПА во Копенхаген,
Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Гоце Седлоски одлучи кои четворица од претходноповиканите ќе мора вечерашниот натпревар (20:45 часот) против Данска во полуфиналето од баражот за СП 2026 да го следат од трибините на „Паркен“ во Копенхаген.

Во Копенхаген допатуваа вкупно 27 фудбалери, а во официјалниот записник за вечерашниот дуел може да се најдат 23 имиња.

Па, според одлуката на Седлоски, на трибините ќе бидат фудбалерите на Шкендија, Решат Рамадани и Имран Фетаи, членот на Колос, Лука Станковски, и фудбалерот на Сигма Оломуц, Тихомир Костадинов, кој досега беше еден од најстандардните репрезентативци, а сега ќе паузира поради суспензија поради жолти картони.

Како што е познато, претходно поради повреда отпадна и левокрилниот дефанзивец Езгијан Алиоски.

Се вчитува...