Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва во Емполи ќе и гостува на репрезентацијата на Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство во оваа старосна граница.
Селекторот Горан Станиќ го најави дуелот против големиот фаворит на кој нашите надежи ќе се обидат да се надигруваат со аѕурите.
„Нè очекува исклучително тешко гостување, но тоа е реалноста во овој квалификациски циклус. Направивме одредени промени и го подмладивме тимот со фудбалери кои ќе бидат носители и во следниот циклус, но и со играчи кои верувам дека веќе сега можат да одговорат на барањата.
Клучно ќе биде да одиграме дисциплинирано, одговорно и борбено. Мора да ги сведеме на минимум индивидуалните грешки што досега скапо нè чинеа и да извлечеме максимум. Очекувам храбар пристап, без преценување или потценување на противникот, со фокус на нашата игра“, изјави селекторот Станиќ.
Натпреварот кој ќе се игра во Емполи е со почеток во 18.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

