Крос: Реал Мадрид е како семејство, Перез зрачи со нешто човечко

Германскиот фудбалер Тони Крос, остави длабока трага во Реал Мадрид. Сега откако замина во пензија, Крос ја фали атмосферата во клубот, велејќи дека секогаш клубот функционирал како семејство.

Исто така го фали и претседателот Перез од кој е многу задоволен и вели дека се однесувал со него како му е дел од семејството.

По толку многу години тука, можам да кажам дека ова е многу хуман клуб, многу како семејство. И ова секогаш доаѓа од врвот. Начинот на кој Флорентино Перез ме пречека од првиот ден, начинот на кој секогаш разговараше со мене. Но, не само кон мене, секој пат кога влегува во соблекувалната. Тоа е видливо и однадвор. Тој зрачи со нешто многу човечко, и секогаш навистина го ценев тоа во клубот. Бев дел од многу соблекувални, многу играчи си заминаа, други пристигнаа, но тоа не се промени. Се чувствував многу удобно во овој клуб, многу заштитен во тешки времиња, бидејќи и ние ги преживеавме. И тоа е она што го направи клубот посебен. Затоа одбрав да ја завршам кариерата на овој начин, бидејќи сакав да се збогувам на највисоко ниво“, рече Крос

Се вчитува...