Александар Ставрев контролор во Сан Марино

Еден од нашите најдобри фудбалски судии, интернационалецот Александар Ставрев, кој поради старосната граница замина во судиска „ пензија,“ одличното познавање на фудбалските правила сега ги покажува како контролор на судење на меѓународните натпревари во Европа. Од страна на судиската комисија на УЕФА делегиран е да го контролира судењето на мечот на младите репрезентации, играчи до 21 година, меѓу Сан Марино и Финска во рамките на шестото коло на „А“ групата од квалификациите за Европското првенство што ќе се одигра на 26 март. Во групата од шест репрезентации води Шпанија со 14 бода, пред Финска со 10, Косово 8, Романија 7, Кипар 3 и Сан Марино без бодови.

Александар Ставрев како искусен судија, а сега и контролор, од УЕФА специјално е испратен на овој меч во Сан Марино да го контролира судењето на младиот судија од Босна и Херцеговина Лука Билбија.

М. М.

Се вчитува...