Пари Сен Жермен успеа во својата намера да го одложи дербито со Ленс во домашното првенство.
Овој натпревар паѓа точно помеѓу двата натпревари меѓу парижаните и Ливерпул, па затоа челниците на Лига 1 го одложија споменатиот дуел, кој требаше да се игра на 11 април, на барање на „светците“.
Ленс имаше намера да се сретне со ПСЖ, особено затоа што тој дуел потенцијално би можел да го реши прашањето за шампионот, но не успеа да ја протурка својата идеја.
Парижаните веќе го одложија судирот со Нант за да се одморат и подобро да се подготват за натпреварот со Челси во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

