Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20.45 часот во Копенхаген ќе и гостува на Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство кое што летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико.
Еден од најдобрите фудбалери во оваа генерација, Езгијан Алиоски поради повреда нема да настапи на овој дуел, но пред вечерашниот меч испрати порака до соиграчите.
„Денеска носиме повеќе од само дрес! Сè што сме, сè за што сме работеле, се сведува на овие 90 минути. Браќа мои, ми се кине срцето што не можам да бидам таму на теренот со вас. Би дал сè за да се борам покрај вас. Но, ви ветувам: со вас сум во секој чекор, секој дуел, секој шут. Излезете таму и играјте со гордост. Со срце. Со оган. Борете се еден за друг како да е најважната работа во вашите животи. Да постигнеме денес нешто со кое целата наша земја ќе може да се гордее. За нас. За тимот. За Македониј. Дајте сè од себе… и повеќе!“, гласи пораката на популарниот Џани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

