Шведска, Грција и Луксембург на патот на Македонија кон ЕП 2028

Машката серниоска репрезентација на Македонија ги доби Шведска, Грција и Луксембург во квалификациите за пласман на ЕП 2028 година, кое ќе се игра во јануари 2028 година во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Македонија во пресрет на ждрепката која се одржа во Лисабон, беше дел од вториот шешир. Шведска е една од најсилните селекции од првиот шешир кои можеа да се паднат, додека Грција може да биде незгоден ривал, особено на гостински терен, а со Луксембург треба да се оправда фаворитската улога.

Избраниците на Кире Лазаров најпрво ги очекува меч со Словачка за пласман на СП 2027, а потоа ќе ги игра и квалификациите за ЕП.

Се вчитува...