Познат распоредот на ракометарите: Стартуваме со Луксембург, завршуваме дома со Грција

Македонската ракометна репрезентација денеска ги доби ривалите за пласман на ЕП 2028 година. Тоа се селекциите на Шведска, Грција и Луксембург.

Според квалитетот, Македонија би требало да го освои едно од првите две места кои носат пласман на првенството, а ЕХФ го објави и распоредот на натпреварите.

На почетокот на ноември годинава Македонија во 1. коло го пречекува составот на Луксембург, а потоа гостува во Грција.

Во март 2027 година двомеч против фаворитот во групата, селекцијата на Шведска дома и гости. Квалификациите завршуваат во мај најпрво на гостински терен со Луксембург, а за крај спектаклот против Грција на домашен терен, во кој треба да славиме пласман на ЕП.

Се вчитува...