ЕКИПА во Копенхаген
Владимир Булатовиќ
Македонија со пораз од Данска од 4-0 застана на патот кон посакуваниот Мундијал. И покрај тоа што со оптимизам се влезе во мечот во Копенхаген, сепак, на крајот вториот дел се претвори во игра на „мачка и глушец“, а Данците тоа го искористија и се пласираа во финален бараж.
Елиф Елмас после натпреварот кажа дека е тешко да се зборува после ваков пораз. Вели дека првите 10 минути од вториот дел биле клучни, и покрај тоа што знаеле дека токму тие се најопасните минути.
„Не е првпат да се случува ова. Моментално е тешко да се зборува, и да се раскажуваат приказни. Прво полувреме се поставивме добро, одигравме тоа што требаше, бевме максимално сконцентрирани, се браневме добро, но не успеавме. Долго време зборуваме дека кога ќе влеземе во вториот дел, да бидеме концентрирани. Тешко е да се зборува со жешки глави. Треба да работиме многу повеќе затоа што не сме на високо ниво. Имаме нов селектор, исто така нов систем, се може да кажам дека е ново, но долго време сме заедно, има млади играчи кои треба да созреваат. Искуството на Данска се виде во вториот дел, и нивниот менталитет, почнаа да напаѓаат и да играат висок пресинг и не простуваат никаква грешка“, изјави Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

