ЕКИПА во Копенхаген
Владимир Булатовиќ
Разочарување кај македонските фудбалери по поразот од Данска во баражот за пласман на Светското првенство од 4-0.
Дарко Чурлинов е еден од оние кои не го криеше своето разочарување после убедливиот пораз во Копенхаген. Тој по натпреварот кажа дека Македонија загуби од посилна селекција, но исто така рече дека треба да се размисли и анализира што се случи на последните два меча, алудирајќи и на дуелот во Кардиф кога нашата репрезентација загуби со 7-0.
„Разочаран сум, тажен сум, дојдовме тука да победиме, а загубивме од посилна селекција и таков е фудбалот. Секој треба да размисли и да видиме што се случи на последните два меча, и секој сам да се анализира и зошто ова нѝ се случува“, потенцираше Чурлинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

