ЕКИПА во Копенхаген,
Владимир Булатовиќ
Македонија со пораз од Данска од 4-0 застана на патот кон посакуваниот Мундијал. И покрај тоа што со оптимизам се влезе во мечот во Копенхаген, сепак, на крајот вториот дел се претвори во игра на „мачка и глушец“, а Данците тоа го искористија и се пласираа во финален бараж.
По мечот свое видување даде и напаѓачот Елмин Растодер.
„Не одигравме како што треба. Во прво полувреме добро се одбранивме, но потоа не знам што се случи во вториот дел. Чудно е како се дозволуваат така лесни и брзи гола за кратко време… Но, очигледно и Данците во вториот дел излегоа поагресивни и ја заслужија победата. Да, не беше ова наше добро издание, и треба да се види зошто е така“, изјави Растодер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

