Сопругата на Трајковски огорчена: Ова не е човечки, не е праведно…, а тој седи и достоинствено молчи!

Еден од најискусните македонски репрезентативци Александар Трајковски вечерва во Копенхаген не доби можност да го запише својот 99-ти настап во националниот дрес.

Трајковски остана на клупата за резерви, не добивајќи можност од селекторот Гоце Седлоски. Сето тоа за револт кај неговата сопруга Александра, која преку социјалните мрежи истакна дека сето тоа што му се прави на македонскиот херој од Палермо е неправедно, нечовечки…, во меч во кој по 4-0 се беше решено на 20 минути пред крајот, а тој воопшто не добива шанса и покрај се што оставил и направил во националниот дрес.

„Вечерва видов нешто што ме заболе. Гледав човек кој со години се даваше себе си без резерва за националниот тим како седи на клупата и молчи. Достоинствено! Али јас не можам да молчам. Ова не е во ред, не е човечки. Ова не е правда! Не барам привилегии, само почит за трудот и за годините кои не можат да се вратат. Кога ќе престанеме да ги цениме вистинските вредности, тогаш не губиме само играч туку го губиме и образот. Човекот кој даде толку многу на репрезентацијата – вечерва не доби шанса да го запише својот 99-ти настап. Сè се чита меѓу редови“, напиша меѓу другото Александра Трајковска.

Се вчитува...