Дебитантот Кнупел го најде лекот за Њујорк

Серијата од седум победи на Њујорк никс беше запрена на гостувањето во Шарлот, каде никси загубија со 114-103 откако не најдоа одговор за дебитантот Кон Кнупел.. Овој млад играч имаше меч за паметење, погоди шест тројки од десет обиди, реализираше вкупно 26 поени, надополнети со 11 скокови и осум асистенции, создавајќи им главоболки на кошаркарите на Њујорк во текот на целиот натпревар.

Ламело Бол додаде уште 22 поени за Шарлот, Брендон Милер имаше 21, додека кај Њујорк најефикасни беа Брансон со 26 и Ануноби со 17 поени.

Детроит останува на чело на Источната конференција откако пистонси руутински го совладаа тимот на Њу Орлеанс со 129-108. Иако е без главниот играч Канингем, Детроит повторно издоминира и лесно запиша нова победа, предводен од Дурн со 30 поени и 10 скокови, Хуертер имаше 22 поени за пистонси, додека најдобар кај Њу Орлеанс беше Зајон Вилијамсон со 21 поен.

Резултати НБА:

Шарлот – Њујорк 114-103, Детроит – Њу Орлеанс 129-108, Орландо – Сакраменто 121-117.

Се вчитува...