Во пребледото издание на македонската фудбалска репрезентација во Копенхаген, единствена светла точка беа навивачите кои без оглед на резултатот, дадоа максимална поддршка на своите избраници од првата до последната минута.
Околу илјада членови на „фалангата“ беа присутни во данскиот главен град, надополнувајќи го шоуто на „Паркен“ стадионот што за жал не заврши со хепиенд за нас. Однесувањето на македонските фанови беше пофалено од медиумите во скандинавската земја, но и од полицијата во Копенхаген.
„Немаше апсолутно никакви проблеми. Македонските навивачи беа спроведени до стадионот без ниту еден инцидент, исто како што немаше ниту во баровите пред и по натпреварот. Веќе во 11.30 часот градот повторно функционираше максимално нормално, за што пофалби заслужуваат и навивачите со својот однос, како данските, така и гостинските“, објави портпаролот на полицијата во Копенхаген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

