Арина Сабаленка продолжи со одличните настапи откако прворангираната светска тенисерка се пласираше во финалето во Мајами. Во полуфиналето за противничка ја имаше Рибакина, ривалката што пред една седмица ја совлада во финалето во Индијан Велс, па и овој дуел како и тој претходниот заврши со триумф на Белорусинката.
Во првиот сет можеше да се проследи израмнет тенис во кој по 4-4 Сабаленка успеа да направи брејк (втор за неа на мечот) и да слави со 6-4. Рибакина имаше мала криза, а првата носителка го искористи тоа, поведе со 4-0 во раната фаза од вториот сет и на крајот рутински славеше со 6-3.
Нејзина противничка во големото финале ќе биде Американката Коко Гоф, која лесно и убедливо славеше во својата полуфинална пресметка со Мухова од Чешка со 6-1, 6-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

