Густав Исаксен беше најдобриот фудбалер на синоќешниот дуел во Копенхаген, во кој данскиот крилен офанзивец со два погодоци го трасираше патот на домаќинот до финалето од баражот во кое Данците ќе водат битка со Чешка за мундијалски билет за СП 2026.
Исаксен не го криеше задоволството од убедливата победа, обелоденувајќи и дека долго размислувал за овој натпревар во изминатите месеци, по извршената ждрепка.
„Ова беше тежок период за нас бидејќи бевме така блиску до директен пласман на СП, а сега мораме да се бориме преку бараж. Со месеци мислев на овој меч, имаше еден вид на тензија, ми се случуваше навечер да лежам во кревет и да размислувам само за тоа како мораме да победиме. И ете, победивме против Македонија, среќни сме поради тоа, но исто така и ни е јасно дека ова нема да значи ништо ако не славиме и во претстојното финале. Затоа, нема простор за преголемо славје, остануваме фокусирани на крајната цел“, истакна Исаксен по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

