Голем проблем за Барса: Рафиња се повреди играјќи за Бразил

Репрезентативните пауза вобичаено носат огромни проблеми во Барселона, традиција што продолжува и овој март откако Рафиња заработи повреда на синоќешниот дуел меѓу Бразил и Франција.

Крилниот офанзивец очекувано беше стартер, Карло Анчелоти ги повлече од игра во второто полувреме, а искусниот стратег ги загрижи каталонците по мечот, обелоденувајќи дека причина за замената била повреда.

„Тој се пожали на болка во мускулот и не сакавме да ризикуваме. Не делуваше премногу сериозно, но деталните прегледи ќе покажат за што всушност станува  збор“, истакна Карло Анчелоти.

Тајмингот е исклучително незгоден за Барса ако се знае дека веднаш по репрезентативната пауза каталонците ги очекуваат три мега-пресметки со Атлетико Мадрид, две во четвртфиналето од ЛШ и една во Примера дивизион.

Се вчитува...