Македонскиот репреззентативец во традиционално карате, Дејан Недев во периодот од 27 до 30 март 2026 година ќе одржи ИТКФ карате семинар во Ларнака и Лимасол, Кипар, на покана на Кипарската федерација за традиционално карате.
На семинарот ќе учествуваат каратисти од Кипар, Грција и Турција, што претставува одлична можност за размена на знаење и искуства.
Во текот на семинарот ќе бидат демонстрирани: Кати, Кихон и Бункај, својствени за традиционалното карате. На крај од семинарот ќе се одржи и полагање за мајсторски појаси. Со почит МТКФ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

