Клоп: Салах е еден од најголемите на сите времиња

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, го опиша Мохамед Салах како еден од најголемите играчи на сите времиња.

Германецот го доведе Египќанецот од Рома во 2017 година за 34 милиони фунти во она што се покажа како еден од најголемите трансфери досега. Салах постигна 255 гола за „црвените“ и е на пат да го зголеми тој број до крајот на сезоната.

„Беше задоволство, беше предизвик, беше напорна работа од двете страни. Прилично сум сигурен дека имаше време во животот на Мо кога сонуваше да го постигне она што го направи. Не можев да замислам што направи, неговата статистика, неговите перформанси се едни од најдобрите на сите времиња. Прилично сум сигурен дека некои од неговите достигнувања никогаш нема да се повторат. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата“, изјави Клоп.

Се вчитува...