Поради бизарна причина мечот меѓу Барса и Црвена звезда доби кратко одложување

Поради проблеми со дресовите на кошаркарите на Црвена Звезда, натпреварот со Барселона е одложен.

Кошаркарите на Црвена Звезда се најдоа во необичен проблем пред дуелот со Барселона, бидејќи дресовите беа оштетени при перењето по натпреварот со Басконија, дознава Спорт Клуб.

Клубот веднаш побарал да се испрати нов контингент од Белград, кој не можел да пристигне, доколку натпреварот започне во 20.30 часот.

Поради оваа причина, Евролигата се согласила натпреварот да се одложи половина час подоцна, за да можат кошаркарите на Звезда да добијат дресови за овој дуел.

Се вчитува...