MKK Куманово доби казна од 114.000 денари од МКФ

Македонскиот кошаркарски клуб Куманово ја доби најголемата казна изречена на еден клуб сезонава во вредност од 114.000 денари.

Казната е поради случувањата на натпреварот од последното коло во Првата лига во која како домаќини го пречекаа ТФТ.

Казна од 100.000 денари е изречена поради попречување на снимање на натпреварот, поточно за големиот број знамиња кои се веат на трибините кај што се поставени камерите. Клубот е казне со дополнителни 8.000 денари поради неспортско навивање, а кошаркарот Урош Луковиќ доби казна од 6.000 денари за техничка грешка.

 

Се вчитува...