Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапенизјави дека е малку веројатно да победи на петта последователна трка во Формула 1 за Големата награда на Јапонија, објаснувајќи дека разликата во однос на нивните ривали во моментов е преголема.
Откако ги освои последните четири трки во Сузука, вклучувајќи ја и неверојатната победа во која го засени дуото на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастре минатата сезона, Ферстапен инсистираше дека не се навраќа на претходните години бидејќи секоја година е различна.
„Мора да бидеме реални дека не сме ни блиску до тоа ниво во моментов, па затоа влегувам во овој викенд само за да видам каде ќе бидеме“, рече Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

