Вемби прв фаворит за МВП наградата во НБА

Виктор Вембанјама скокна од третата на првата позиција и го презема водството во трката за престижната награда за најкорисен кошаркар во НБА лигата. Тој повеќе не се смета само за одличен дефанзивец, туку и за некој што ги води Спурси и во нападот.

Просекот од 24,2 поени, 11,2 скока и 3,1 блокади се респектабилни и му го донесоа првото место. Шеј Гилџс-Александар падна од врвот, и покрај тоа што имаше просек од повеќе од 30 поени, со многу малку изгубени топки и многу висок процент од игра.

Никола Јокиќ се искачи од четвртото на третото место, додека Лука Дончиќ, кој има многу феноменален месец зад, сега падна на четвртата позиција.

Се вчитува...