НБА лигата откри три сеопфатни концепти против намерното губење натпревари за што подобар пик на драфтот.
Секој од трите предлози би претставувал радикално отстапување од сегашниот систем и би имал заедничка нишка, вклучување на тимовите што ќе се пласираат во плејофот во процесот на лотарија.
Според првиот предлог, 18 тима, последните 10 што ќе го пропуштат плејофот и осумте што ќе се квалификуваат за него, би биле дел од лотаријата на драфтот.
Десетте најниско рангирани ќе имаат 8 отсто шанса, додека преостанатите 20 отсто од шансите ќе бидат поделени меѓу осумте тима што учествуваат во лотаријата, од 11. до 18. место. Сите 18 би биле извлечени како дел од лотаријата во тој формат.
Во друг предлог, 22. тима, 10. најниско рангирани тима што ќе го пропуштат плејофот, осумте што ќе се квалификуваат за плејофот и четирите тима од плејофот што ќе изгубат во првото коло, би биле внесени во лотарија и рангирани според перформансите во текот на две сезони.
Според тој систем, секој тим би морал да достигне минимален број победи секоја сезона за да се ублажи потребата од губење на поени. Во овој систем, првите четири места би биле извлечени како дел од лотарија, како што е случајот во моментов.
Постои и трет предлог, истите 18 тима од првиот предлог, би биле вклучени во лотаријата. Тимовите со петте најлоши резултати потоа би имале исти коефициенти, а извлекувањето би се организирало за секој од петте најдобри избори на драфтот.
Откако ќе бидат избрани петте избори, ќе се одржи уште едно извлекување за преостанатите 13 тима. Доколку некој од петте најлошо пласирани тимови не успее да обезбеди едно од тие пет први места, најниското место што би можел да го заврши во второто извлекување би било 10. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

