Кнежевството Монако ќе инвестира 15 милиони евра во истоимениот клуб од Евролигата, со цел да ја поправи својата незавидна финансиска состојба.
Кошаркарскиот клуб од кнежевството води трка со времето за да ги стабилизира своите финансии. Откако беше подмирен „данокот на луксуз“ за сезоната 2025/26, тимот од Монте Карло доби силна поддршка од државата, која може да биде значително поголема од првичните плаќања.
Според весникот „Л’Екип“, државната интервенција може да достигне дури 15 милиони евра до крајот на сезоната, со цел да се покријат сите акумулирани долгови пред евентуална промена на сопственоста.
Иако на почетокот на март се зборуваше за итна помош од 2,5 милиони евра, Националното финансиско друштво сè уште има обврска да покрие бројни долгови. Во текот на претходните недели, постепено се подмируваа обврските како социјални придонеси, казни, разни договори, а сега и „данокот на луксуз“ за сезоната 2025/26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

