Еден од најдобтите македонски кошаркари на денешницата Андреј Јакимовски е пред својот најголем трансфер во кариерата.
За услугите на одличниот наш кошаркар е заинтересиран шпанскиот евролигаш Валенсија. Јакимовски има одлична сезона по враќањето во Европа по настапите во американската НЦАА лига.
Тој годинава пружа одлични партии во дресот на италијанскиот прволигаш Тренто како во домашниот шампионат, така и во Еврокупот каде тимот во неизвесна завршница беше елиминиран во четвртфиналето.
Јакимовски сезонава просечно бележи по 9.2 поени и 6.1 скок по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

