Ракометарите на Прилеп направија уште еден голем чекор кон првото место во плеј-аутот во ракометната Супер-лига, откако ја совладаа екипата на Струга на гостински терен со 25-31. Стружани, пак, направија уште еден чекор назад кон опстанокот.
Прилепчани го решија прашањето околу победникот уште по првиот дел, кога имаа предност од пет голови (12-17), а до крајот само ја задржаа предноста.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Димитар Димитриоски со осум голови, а после нив следуваа Шипинкоски, Шабановиќ и Квастек со по пет. Кај поразената екипа Наум Костов постигна девет голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

