Наполи ќе го стави Лукаку на трансфер-листа!?

Тензиите растат помеѓу Наполи и Ромелу Лукаку , а „Скај Спортс Италија“ објави дека напаѓачот ќе биде суспендиран до крајот на сезоната доколку не се врати во Неапол до следниот вторник.

Лукаку е во Белгија, каде што се опоравува и се обидува да се врати во форма. Далеку е од својата оптимална физичка состојба. Играчот одлучил да тренира индивидуално во Антверпен и планира да остане блиску до своето семејство барем уште една недела.

Лукаку го информирал Наполи за својата одлука, но клубот му кажал дека може да се соочи со парична казна, па дури и суспензија од составот. Напаѓачот се врати во последните недели по долго закрепнување од повреда, но одигра вкупно околу 40 минути во Серија А откако се врати.

Некои италијански медиуми одат дотаму што пишуваат дека Лукаку веќе заврши со Наполи, и на лето, една година пред договорот ќе се пресели во Турција или Саудиска Арабија.

Се вчитува...