Душко Ивановиќ е отпуштен од тренерската позиција на Виртус Болоња, соопшти официјално клубот.
Одлуката дојде по убедливиот пораз во дуелот од италијанската Евролига против Олимпија Милано, особено затоа што Карсен Едвардс беше на клупата во текот на целото второ полувреме по одлука на Ивановиќ.
Заедно со Ивановиќ, клубот го напушти и искусниот српски тренер Ненад Трајковиќ, некогашен стратег на Партизан. За разлика од него, многу помладиот српски стручњак Ненад Јаковљевиќ ќе остане во клубот и ќе го преземе управувањето со тимот.
37-годишниот Јаковљевиќ му беше помошник на Ивановиќ во Црвена Звезда, претходно работеше во стручниот штаб на Баерн Минхен, и ова за него ќе биде прва работа како главен тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

