Крилниот фудбалер на Барселона, Рафиња Дијас ќе отсуствува повеќе од еден месец. Крилниот напаѓач заработи повреда за време на репрезентацијата со Бразил, и денеска се врати во Барселона.
Тимот на „Каталонците“ соопшти дека тој нема да игра пет недели.
Тој ќе ги пропушти трите натпревари против Атлетико Мадрид (два во Лигата на шампионите и еден во Ла Лига), како и градското дерби против Еспањол, и мечевите со Селта и Гетафе.
Ако се оди според планот, тогаш Флик ќе го има на располагање Бразилецот за мечот со Осасуна на почетокот на мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

