Кошаркарите на лидерот на табелата во македонската Прва лига ТФТ, славеа победа над Гостивар со 87-82 во драматична завршница на мечот во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски Парк. И покрај тоа што Гостивар имаше и +11 на почетокот на последниот период, сепак, првопласираниот тим со одлична одбрана и функционален напад, стигна до победата во последните мигови од мечот.
ТФТ одлично го почна мечот и се стекна со +3 по првиот период, а со таа предност замина и на полувреме. Но, фантастичен трет период имаше тимот на Гостивар кој успеа да го сврте мечот во своја корист, и со предност да влезе во последната четвртина.
Меѓутоа гостите потфрлија во завршницата, во која ТФТ доминираше и стигна до триумф благодарение на неверојатна серија од 12-0 во финишот.
Залудни беа 25 поени на Црниќ кај Гостивар. Кај ТФТ Зафиров беше најефикасен со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

