Роберт Левандовски моментално се бори со Полска во квалификациите за последните билети за Светското првенство 2026. Првиот чекор е веќе направен. Во полуфиналето од плејофот против Албанија, Полска победи со 2-1, а Левандовски одигра голема улога со погодок.
Но, во меѓувреме останува неизвесна неговата следна сезона. Едно е сигурно: договорот на напаѓачот со Барселона истекува на лето, а тој се поизвесно заминува од клубот.
Според италијанската „Газета дело спорт“, Јувентус сака да го потпише поранешниот играч на Баерн. Претставник на Старата Дама наводно отпатувал во Варшава за натпреварот од плејофот. Разговорите меѓу таборот на Јувентус и претставникот на Левандовски веќе се воделе и изминативе недели.
Дали напаѓачот ќе ја напушти Барселона ова лето или ќе го продолжи договорот останува неизвесно.
„Што се однесува до мојата иднина во Барселона, ништо не се променило. Не брзам да одлучам што е најдобро за мене. Сè уште не сум донел одлука“ – вели Левандовски.
Едно е сигурно: Јувентус се соочува со силна конкуренција во трката за Левандовски. Милан е исто така заинтересиран, а саудиските и МЛС клубовите исто така се борат за 38-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

